logo

СПРЕЧУВАЊЕ НА ОПАЃАЊЕ НА КОСА

Laser epilation with lumenis

Губењето на косата не е само машки проблем! Ќелавоста, или во стручната терминологија позната како алопеција, претставува губење на коса кој може да биде локализиран само на одредени делови или раширен по целата глава.

Иако ќелавоста кај жените е поретка појава отколку кај мажите, сепак е прилично раширена, а во прилог на тоа е и податокот дека околу 25 проценти од женската популација има траен или привремен проблем со ќелавоста.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ

PRP И ОЗОНИРАН PRP ЕДИНСТВЕНО КАЈ НАС ВО НАШАТА КЛИНИКА

Овој третман се користи за лекување на машка и женска ќелавост, како и за подобрување и зајакнување на квалитетот на косата. PRP е регенеративен метод кој ја користи крвната плазма на пациентот за да влијае на обновувањето на ткивото на скалпот, го запира опаѓањето на косата и го поттикнува создавањето на погуста и појака коса.

    PRP за коса се користи за лекување:
  • Наследна ќелавост,
  • Бавно растечка коса,
  • Прекумерна маснотија на скалпот,
  • Во случај на ненадејно опаѓање на косата,
  • Тенка коса која лесно се крши,
  • Себореја и првут.
Hair plazma
Injecting in scalp

Потребни се повеќе PRP третмани за да се постигне саканиот ефект. Најдобри резултати се добиваат по три третмани со PRP. По една година, се препорачува повторување на постапката.

Првите резултати ќе ги забележите веќе по првиот третман. По третманот, косата станува погуста, поздрава и поотпорна.

Кои се предностите на оваа метода?

Користење на сопствената плазма ја доведува до 0 можноста за несакани реакции.

Како функционира?

Плазмата е богата со тромбоцити кои што активно ја стимулираат синтезата на колаген, еластин и хијалуронска киселина.

Како се спроведува процедурата?

Земање на венозна крв, подготовка на истата со помош на центрифуга, чистење на зоната на апликација, обработка со антисептик, апликација на плазмата богата со тромбоцити, апликација на крема со смирувачки ефект.

Injecting in scalp

PRP може да се комбинира и со трансплантација на коса и има важно место со оваа процедура бидејќи тромбоцитите се есенцијални во заздравувањето на раните.

МЕЗОТЕРАПИЈА ЗА КОСА

Мезотерапијата за коса ефикасно го спречува опаѓањето и проретчувањето на косата, помага да се зајакне косата и да расте нова, посилна и поздрава коса.

Velashape machine rollerVelashape machine rollerVelashape machine roller

ИНОВАТИВЕН ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН ЗА КОСА - ЗА ОБНОВУВАЊЕ И РАСТ!

Овој иновативен метод го стимулира растот на косата, го спречува опаѓањето на косата, ги лекува оштетените фоликули на косата и помага да се постигне погуста коса.

Губењето на косата може да биде резултат на генетика, хормонални промени, стрес, лоша исхрана или други здравствени проблеми. Тоа ги погодува и мажите и жените од различна возраст.

Thyroid exam

ШТО Е ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН НА КОСА?

Ласерскиот третман применува ласерска енергија што одговара на спектарот на црвена и инфрацрвена светлина со бранова должина од 600-950 nm. Оваа должина е „оптички прозорец“ за биолошките ткива.

Tретманот е безбеден, без несакани ефекти и удобен, што го прави идеално решение за сите оние кои сакаат да ја подобрат густината и квалитетот на косата.

Thyroid exam

И клиничките студии ја потврдуваат високата ефикасност на третманот, без оглед на возраста на пациентот или степенот на андрогена алопеција.

Нашите специјалисти ќе ја проценат причината за опаѓање на косата, како и нејзината состојба и ќе го најдат вистинското решение за Вас!

Закажете си консултативен преглед на 076 46 99 99.