ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА за отстранување на влакна на тело и лице со најефикасниот LIGHT SHEER DESIRE на компанијата LUMENIS во NEW 20’s! GOLDEN STANDARD
Ласерската епилација ќе ви овозможи да се осеќате сигурно во било која ситуација.
Дали е болно?
Процедурата е потполно безболна во споредба со останатите ласерски методи!
Колку долго трае третманот?
Епилацијата на пазувите одзема 3 минути, благодарение на големата сонда, цели нозе - 15-20 минути.
Колку трае ефектот?
До 5 години! Во случај на идеална комбинација на тенот на кожата и бојата на влакното постигнуваме трајна епилација.
Колку долго трае третманот?
Епилацијата на пазувите одзема 3 минути, благодарение на големата сонда, цели нозе - 15-20 минути.
ВАЖНО: За да се добие посакуваниот резултат неопходна е претходна консултација од страна на дерматолог со цел да се одреди фототип на кожата и дебелината на влакното.
Како да се подготвам за ласерско отстранување на влакна?
Се препорачува да не се вадат влакната од коренот пред третманот (пинцета, депилација...) 3-4 недели пред започнување на серијата епилација. Во тој одреден период, можете да користите брич или крем за депилација за отстранување на влакна. Доаѓате на секој третман избричен од 24-48 часа пред третманот. Областа на кожата на која го правиме третманот за епилација треба да биде чиста, без крема, шминка и дезодоранси.
Дали е безбедно ласерското отстранување на влакна?
Да. Отстранувањето на влакната е сосема безбедно, а LIGHT SHEER DESIRE е најбезбедниот и најефективниот ласер кој е достапен на нашиот пазар.
Колку влакна се отстрануваат при еден ласерски третман и кога се видливи првите резултати од ласерската епилација?
По првиот третман се редуцираат скоро 70% од влакната, а со секој следен третман бројот на влакната се повеќе се намалува (тие стануваат потенки).
Затоа, првите резултати се веќе присутни по првиот третман.