Во борбата против целулитот, посебно оној во критичен стадиум, Ви нудиме широка палета на третмани со најновата технологија не медицинските апарати во нашата клиника. Апаратните третмани ќе Ви помогнат да ја подобрите циркулацијата, го помагаат излачувањето на штетните материи, ги разградуваат мастите, помагаат во регенерација на оштетеното ткиво и сл.
Главна предност на Legend Pro+ во споредба со други RF-апарати е можност за постигнување на изразен резултат без долга рехабилитација, компликации и дискомфорт.
Нашите пациенти го заслужуваат најдоброто, што значи да им дадеме решение кое точно ги задоволува нивните потреби и очекувања, вклучувајќи брзи резултати, без болка и без долг период на рехабилитација.
Овој медицински апарат комбинира пет различни технологии, вклучувајќи IR (инфрацрвен ласер), RF (радиофреквенција), ролер за масажа, вакум и ултразвучна кавитација.
Комбинацијата на lR, вакум и RF предизвикува длабоко загревање на масните клетки, нивното околно сврзно ткиво и дермалните колагенски влакна.
Овој тип комбинација на ефикасно загревање и вакум го стимулира растот на нов колаген и еластин што резултира со локализирано намалување на опуштеноста на кожата, обемот на телото и севкупно подобрување на структурата и текстурата на кожата.
Ролерот за масажа стимулира зголемување на циркулацијата и прави лимфна дренажа, а тоа се двете суштински компоненти за здрава структура на кожата.
Вашето тело го заслужува најдоброто.
Липолизата е медицинска процедура која ги отстранува локализираните масни наслаги на телото или лицето (подбрадокот) со ремоделирање на саканиот регион.
Липолизата најчесто се применува на делови од телото кои не можат да се коригираат со вежбање и диета (раце, бутови, стомак, колкови, задник и подбрадокот).
Третманот се изведува со употреба на липолитички коктели кои доведуваат до топење на масните наслаги.
Се прави серија од 2-6 третмани за да се постигне посакуваниот ефект.
За разлика од класичната диета, липолизата води до целосно уништување на масните клетки (адипоцити) така што нема повторна акумулација на масни наслаги во третираната регија (како што е јо-јо ефектот во диетите).
Како несакан ефект, на местото на инјектирање може да се појават благ оток, црвенило или модринки, кои се привремени и исчезнуваат за неколку дена.
Дозволете да се погрижиме за Вашето тело.