logo

ЗТЕГНУВАЊЕ НА ТЕЛО

Ако сонувате за третман со кој со еден потег би се ослободиле од вишокот маснотии од сите делови на телото и притоа истовремено да добиете затегнување на кожата, - Вашите соништа сега можат да станат реалност.

Ако сè уште размислувате дали естетската хирургија е за вас или сте во дилема кој од сите потенцијални методи за преобликување на телото може да биде најсоодветен, закажете си консултација со нашиот врвен тим експерти. Заедно ќе го најдеме најдоброто можно решение за вас!

Неинвазивен RF-лифтинг со триполарна радиофреквенција и динамична мускулна активација на LEGEND PRO+

Главна предност на Legend Pro+ во споредба со други RF-апарати е можност за постигнување на изразен резултат без долга рехабилитација, компликации и дискомфорт.

Legend Pro+ machine
  • ОТСТРАНУВА ЦЕЛУЛИТ,
  • НАМАЛУВА ЛОКАЛНИ МАСТИ,
  • НАМАЛУВА ОБЕМ,
  • ГО ПОДОБРУВА ТОНУСОТ НА КОЖАТА.
Legend Pro+ machine

Нашите пациенти го заслужуваат најдоброто, што значи да им дадеме решение кое точно ги задоволува нивните потреби и очекувања, вклучувајќи брзи резултати, без болка и без долг период на рехабилитација.

VELASHAPE MACHINE

Овој медицински апарат комбинира пет различни технологии, вклучувајќи IR (инфрацрвен ласер), RF (радиофреквенција), ролер за масажа, вакум и ултразвучна кавитација.

Комбинацијата на lR, вакум и RF предизвикува длабоко загревање на масните клетки, нивното околно сврзно ткиво и дермалните колагенски влакна.

Овој тип комбинација на ефикасно загревање и вакум го стимулира растот на нов колаген и еластин што резултира со локализирано намалување на опуштеноста на кожата, обемот на телото и севкупно подобрување на структурата и текстурата на кожата.

Velashape machine
Velashape machine roller

Ролерот за масажа стимулира зголемување на циркулацијата и прави лимфна дренажа, а тоа се двете суштински компоненти за здрава структура на кожата.

Вашето тело го заслужува најдоброто.

МЕЗОТЕРАПИЈА ЗА ТЕЛО

Липолизата е медицинска процедура која ги отстранува локализираните масни наслаги на телото или лицето (подбрадокот) со ремоделирање на саканиот регион.

Липолизата најчесто се применува на делови од телото кои не можат да се коригираат со вежбање и диета (раце, бутови, стомак, колкови, задник и подбрадокот).

Третманот се изведува со употреба на липолитички коктели кои доведуваат до топење на масните наслаги.

Се прави серија од 2-6 третмани за да се постигне посакуваниот ефект.

Thyroid exam
Thyroid exam

За разлика од класичната диета, липолизата води до целосно уништување на масните клетки (адипоцити) така што нема повторна акумулација на масни наслаги во третираната регија (како што е јо-јо ефектот во диетите).

Како несакан ефект, на местото на инјектирање може да се појават благ оток, црвенило или модринки, кои се привремени и исчезнуваат за неколку дена.

Дозволете да се погрижиме за Вашето тело.

Scale imageBMI imageDiet plan image

ЗАТЕГНУВАЊЕ И ЛИФТИНГ НА КОЖАТА СО ENDOLIFT®

Е нов третман за лифтинг на лице кој користи најсовремена ласерска технологија за ремоделирање на длабоките и површинските слоеви на кожата, подобрување на квалитетот на кожата, стимулација на производство на колаген и еластин.

Како се изведува третманот?

За овој тетман се користат специјално дизајнирани микрооптички влакна за еднократна употреба, кои се потенки од влакно. Овие влакна се вметнуваат во кожата за стимулација на колаген и еластин, и под кожата за селективно топење на маснотиите. Сите знаеме дека стареењето е природен процес и со текот на времето, производството на колаген во нашето тело постепено се намалува. Овој ласерски третман има за цел да го стимулира производството на колаген и еластин во третираната област со кој се добива свежина и затегнување на Вашата кожа.

Face treatment
Stretching face skin

Што може да направи ENDOLIFT® за Вас?

    ENDOLIFT® може да се користи за :
  • Затегнување и тонизирање на кожата, особено за опуштеност на долниот дел на лицето и вратот;
  • Намалување на прекумерната маснотија на лицето, подбрадокот, и на деловите на телото (стомакот, бутовите, надлактиците);
  • Стимулација на производство на колаген, за подмладување и anti-aging;
  • Ремоделирање на длабоките и површинските слоеви на кожата;
  • За измазнување на лузните, фините линии и брчките.

Дали има посебна подготовка за овој третман?

За овој третман не е неопходна посебна подготовка, што ја прави оваа процедура подобра алтернатива од операцијата. Се аплицира локална анестезија на регијата на која ќе се работи ласерот. Слободно можете да продолжите со секојдневните активности по третманот.

Treatment laser
Before and after face treatment

Колку трае процедурата?

Времетраењето на овој ласерски третман зависи од областа што се третира, приближно 30-40 минути за мала површина на кожата на лицето, и околу 60 минути ако се третира кожата на бутовите или стомакот.


Секако убавината секогаш има цена: 2-3 часа по интервенцијата постои можност да се појави црвенило на кожата и благ оток кој изчезнува за околу 10 дена.

Какви резултати можете да очекувате од ENDOLIFT® ласерскиот третман?

Резултатите од ENDOLIFT® се долгорочни и продолжуваат да се подобруваат неколку месеци по процедурата, бидејќи дополнително се создава колаген во длабоките слоеви на кожата. Сепак резултатите се индивидуални кај секој пациент. Овој третман е доволно да се направи еднаш годишно!

ENDOLIFT® како третман може да се комбинира и со други третмани по потреба за да се добијат уште подобри резултати. Ние сме единствената клиника на нашиот пазар која располага со овој ласер.

Before and after face treatment