RF microneedling е нова нехируршка процедура за подмладување на кожата. RF технологијата ја третира целната област со брза пенетрација на изолирани микроигли низ кожата без да остави поголеми оштетувања на нејзината површина. Споменатите микроигли потоа ослободуваат ласерска енергија под површината на кожата, што по процедурата резултира со создавање на нов колаген и кожно ткиво.
RF-microneedling работи така што предизвикува длабока стимулација во кожата, а со тоа го зголемува производството на колаген. Во зависност од состојбата на кожата на пациентот, можно е да се избере соодветна должина на микроиглите. Длабочината на пенетрација може да варира од 0,2 mm до 1 mm длабоко.
За возврат, кожата природно реагира со создавање на ново ткиво богато со колаген.
Како резултат на производството на поголемо количество колаген, кожата станува позатегната, видливо е намалувањето на порите, брчките, лузните и стриите, со што се подобрува целокупната структура и изглед на вашата кожа.
Промената во третираната област може да се забележи по само неколку дена, но дополнителни резултати се развиваат кога вашето тело ќе почне да произведува колаген. Ефектот на затегнување и конечните резултати ќе се појават постепено во текот на два месеци - што е време кое и е потребно на кожата целосно да се обнови.