logo

МЕЗОТЕРАПИЈА

МЕЗОТЕРАПИЈА НА ЛИЦЕ

МЕЗОТЕРАПИЈА НА ЛИЦЕ

Денес, мезотерапијата е добро прифатена и од жените и од мажите. Доколку сакате квалитетна и негувана кожа, тогаш мезотерапијата е вистинскиот избор. Вратете ја свежината на вашето лице со најквалитетни медицински препарати.

ДИЛЕМА, МЕЗОТЕРАПИЈА ДА ИЛИ НЕ

Одговорот е: мезотерапија ДА, мезотерапијата е ефикасна, ДА, резултатите се видливи.

Mesotherapy injection on side of the eye

ШТО Е МЕЗОТЕРАПИЈА

Мезотерапијата е примена на различни коктели, кои содржат хијалуронска киселина, комплекси од витамини, минерали, амино киселини, антиоксиданси во централниот слој на кожата - дермисот, каде што инаку овие неопходни материи не можат да стигнат. Овие супстанции се воведуваат со специјални (најтенки) игли за мезотерапија. Техниките на инјектирање кои се користат во мезотерапијата се различни.

ОД ШТО ЗАВИСАТ РЕЗУЛТАТИТЕ

Резултатите во голема мера зависат од квалитетот на употребените коктели. Лекарот го избира коктелот кој најмногу одговара на вашата кожа и ќе даде најдобар резултат. Од безбедносни причини, важно е коктелите да бидат регистрирани како медицински производи. Кога сето ова се почитува, резултатот е неизбежен.

Mesotherapy injection in face
Woman with hydrated face

КАКВИ РЕЗУЛТАТИ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ

Мезотерапијата ја враќа цврстината и еластичноста на кожата, обезбедува подобра хидратација и потхранување на кожата. Процесот на стареење на кожата значително се забавува. Тоа директно влијае на квалитетот на кожата. Како резултат на оваа метода се добива долготраен естетски ефект. По третманот, кожата изгледа освежена.

ПОДМЛАДУВАЊЕ НА ЛИЦЕТО

Се препорачува да се започне со мезотерапија веќе во доцните дваесетти години со цел подмладување на лицето и спречување на стареење. Терапијата е индивидуална. Може да се направи само еден третман или во серија во зависност од индикациите и што сакаме да постигнеме.