Фотопомладување е процедура за подмладување на кожата со употреба на интензивна пулсна светлина (Intese Pulse Light).
Стареењето, хормоналните промени и штетното влијание на околината, пред се сончевите зраци, доведуваат до дегенеративни промени на кожата, намалување на колагенот и еластинот. Една од многу популарните примени на IPL во естетската медицина е терапијата за брчки, односно третмани за подмладување со помош на светлосни зраци.
Фотоподмладување се базира на примена на интензивна импулсна светлина која и дава поттик на кожата за регенерација и создавање на нови клетки на кожата. На овој начин се намалува длабочината на брчките, флеките, нерамнините и малите лузни на лицето. Кожата станува позатегната, помазна и видно поквалитетна. Во исто време се подобрува количината, квалитетот и структурата на колагенот и еластинот во подлабоките слоеви на кожата и се зголемува тонусот на мускулите.
За повеќето луѓе, најдобрите ефекти за фотоподмладување се постигнуваат по 4-6 третмани со интервал од 3-4 недели помеѓу секој поединечен третман.
Пред третманот за подмладување со IPL, потребно е:
Престанете со изложување на сонце или сончање во солариум околу 4 недели пред третманот, односно почекајте кожата да осветли за да избегнете хиперпигментација на кожата, што директно значи намалување на резултатите.
Престанете да користите креми за самопотемнување најмалку 4 недели пред третманот.
Пред и за време на терапијата, не е дозволена употреба на локални или орални препарати за обновување на кожата (пилинг) и други агресивни препарати (овошни киселини и ретинол).
По третманот за подмладување со IPL:
Избегнувајте употреба на козметика на третираните места 24 часа по третманот.
Избегнувајте активности кои предизвикуваат силно потење.
Третираните области може да бидат чувствителни на топлина, затоа користете поладна вода кога миете.
Во некои случаи, може да се појави мало или умерено црвенило, слично како по сончањето. Потоа можете да нанесете ладни облоги или мраз, а по потреба може да се нанесат и препарати на база на кантарион или алое вера.
Во сончевиот период од годината треба да се користат производи со заштитен фактор 30 и повеќе.
Закажете консултативен преглед со нашите специјалисти, кои ќе ви ги објаснат сите различни методи кои ви се достапни за вашата ситуација, како и различните фази на лекување.