Доколку сакате да го вратите изгубениот волумен на лицето, како пополни образи или усни, тогаш употребете филер. Филерите можат да ги „поправат“ проблемите кои настануваат поради фото и хроно стареење.
Сепак, на крај најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог. Понекогаш, во зависност од проблемот, се користи и комбинација од двете процедури ботокс и филери за најдобри резултати.
Денес постојат многу видови на дермални филери, кои имаат различна намена во естетската медицина.
Дермалните филери служат за пополнување брчки, фини линии или пак деформитети – асиметрија на лицето, асиметрија на устата.
Постојат филери со различни густини, различен период на траење, од различни производители кои се наменети посебно за брчки, посебно за пополнување на изгубен волумен и посебно за усни.
При консултативен разговор со Вашиот доктор дерматолог ќе го одберете идеалниот филер за Вас. Оставете на докторот да процени кој филер и со која техника на апликација би го решил проблемот или недостатокот на Вашето лице.
Комбинација од различни филери се користат за постигнување на подобри резултати, поради што дерматологот соодветно на вашите желби, ќе ви понуди специфичен третман кој за секој клиент е индивидуален.