logo

ENDOLIFT

ЗАТЕГНУВАЊЕ И ЛИФТИНГ НА КОЖАТА

ЗАТЕГНУВАЊЕ И ЛИФТИНГ НА КОЖАТА СО ENDOLIFT®

Е нов третман за лифтинг на лице кој користи најсовремена ласерска технологија за ремоделирање на длабоките и површинските слоеви на кожата, подобрување на квалитетот на кожата, стимулација на производство на колаген и еластин.

Како се изведува третманот?

За овој тетман се користат специјално дизајнирани микрооптички влакна за еднократна употреба, кои се потенки од влакно. Овие влакна се вметнуваат во кожата за стимулација на колаген и еластин, и под кожата за селективно топење на маснотиите. Сите знаеме дека стареењето е природен процес и со текот на времето, производството на колаген во нашето тело постепено се намалува. Овој ласерски третман има за цел да го стимулира производството на колаген и еластин во третираната област со кој се добива свежина и затегнување на Вашата кожа.

Face treatment
Stretching face skin

Што може да направи ENDOLIFT® за Вас?

    ENDOLIFT® може да се користи за :
  • Затегнување и тонизирање на кожата, особено за опуштеност на долниот дел на лицето и вратот;
  • Намалување на прекумерната маснотија на лицето, подбрадокот, и на деловите на телото (стомакот, бутовите, надлактиците);
  • Стимулација на производство на колаген, за подмладување и anti-aging;
  • Ремоделирање на длабоките и површинските слоеви на кожата;
  • За измазнување на лузните, фините линии и брчките.

Дали има посебна подготовка за овој третман?

За овој третман не е неопходна посебна подготовка, што ја прави оваа процедура подобра алтернатива од операцијата. Се аплицира локална анестезија на регијата на која ќе се работи ласерот. Слободно можете да продолжите со секојдневните активности по третманот.

Treatment laser
Before and after face treatment

Колку трае процедурата?

Времетраењето на овој ласерски третман зависи од областа што се третира, приближно 30-40 минути за мала површина на кожата на лицето, и околу 60 минути ако се третира кожата на бутовите или стомакот.


Секако убавината секогаш има цена: 2-3 часа по интервенцијата постои можност да се појави црвенило на кожата и благ оток кој изчезнува за околу 10 дена.

Какви резултати можете да очекувате од ENDOLIFT® ласерскиот третман?

Резултатите од ENDOLIFT® се долгорочни и продолжуваат да се подобруваат неколку месеци по процедурата, бидејќи дополнително се создава колаген во длабоките слоеви на кожата. Сепак резултатите се индивидуални кај секој пациент. Овој третман е доволно да се направи еднаш годишно!

ENDOLIFT® како третман може да се комбинира и со други третмани по потреба за да се добијат уште подобри резултати. Ние сме единствената клиника на нашиот пазар која располага со овој ласер.

Before and after face treatment