logo

КОМБИНИРАН ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН ResurFX ERBIUM + IPL PHOTOFABULOUS

Photofabulous претставува комбинација од Stellar M22- IPL и ResurFX Erbium технологиите кои што се изведуваат во иста сесија за израмнување на тонот и текстурата на кожата. Со отстранување на несаканата пигментација и васкуларни лезии од кожата се намалува црвенилото, додека истовремено се произведува колаген и вашата кожа станува поцврста со изедначен тен и текстура.

Before and after 10 days

Што е ResurFX ERBIUM ласер и која е неговата намена?

За разлика од другите фракциони технологии, на ResurFX™ му треба само едно поминување за да биде ефективно, што ќе ви заштеди време и ќе ја заштити кожата на пациентот.

Модулот ResurFX™ има најсовремен CoolScan™ скенер за несеквенцијално скенирање.

ResurFX ERBIUM laser
Face treatment with laser

ШТО МОЖЕ ДА СЕ ТРЕТИРА СО RESURFACING ResurFX?

  • Старечки дамки или сончеви дамки;
  • Фини линии и брчки;
  • Стрии;
  • Хиперпигментација или промена на бојата на кожата;
  • Нерамномерности на кожата;
  • Лузни од акни;
  • Лузни од операција;
  • Лабава или опуштена кожа.

КОЛКУ ТРЕТМАНИ СЕ ПОТРЕБНИ ДА СЕ НАПРАВАТ СО RESURFACING ResurFX?

Вообичаено, потребни се најмалку 3-4 третмани со растојание од околу еден месец за да се добијат оптимални резултати, иако тоа варира во зависност од поединецот и нивната цел.

Што е IPL ласер и која е неговата намена?

Сондата IPL има 9 различни филтри за лекување на над 20 кожни заболувања и отстранување на влакна.

Третира акни, розацеа, пигментирани и васкуларни лезии. Исто така, ги намалува и отстранува старечките дамки преку фотоподмладување.

Третира акни, розацеа, пигментирани и васкуларни лезии. Исто така, ги намалува и отстранува старечките дамки преку фотоподмладување. Нашиот Stellar M22 е еден од најиновативните уреди за нега на кожа. Со својата напредна технологија, Stellar M22 Ви овозможува ефикасно и безбедно лекување на сите типови на кожа.

Иднината на процедурите за кожа е со STELLAR M22.

Lumenis logo