Ботокс е прочистен протеин кој доаѓа од бактеријата Clostridium Botulinum. Ботулинскиот токсин го блокира нервниот импулс кој доведува до контракција на мускулите, што пак доведува до негова релаксација, а кожата има посвеж изглед и ефект на затегнатост. Третманот со ботокс е безбеден и секако апликацијата ја изведува специјалист дерматолог.
Сепак, на крај најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог. Понекогаш, во зависност од проблемот, се користи и комбинација од двете процедури ботокс и филери за најдобри резултати.
Времетраењето на апликација на третманот е 5 минути.
Резултатот од процедурата трае од 3 до 6 месеци (во одредени случаи и подолго).
Максималниот резултат после спроведената процедура се постигнува на 14-от ден.
После прекинување на дејството на токсинот, мускулната активност се враќа во целост.